ЌЕ ИМА И ШЕСТА СЕЗОНА НА „КРУНА“

Њујорк, (Би-Би-Си)

„Нетфликс“ потврди дека, сепак, ќе има и шеста сезона на „Круна“, иако таа нема да ги опфати неодамнешните настани.

Оригинално било планирано серијата да има шест сезони, но „Нетфликс“ во јануари објави дека ќе бидат само пет. Приказната сепак ќе заврши во рани 2000-ти, со Имелда Стонтон како кралицата Елизабета Втора.

„Шестата сезона нема да нѐ донесе ништо поблиску до денешните случувања. Таа ќе овозможи да го покриеме истиот период со многу повеќе детали“, изјави креаторот на серијата Питер Морган.

Тоа значи дека од серијата ќе бидат исклучени семејниот живот на Вилијам и Кејт и повлекувањето на Хари и Меган од кралските должности, како и нивните венчавки. „Нетфликс“ потврди дека по Хелена Бонам Картер и Ванеса Кирби, улогата на принцезата Маргарет ќе ја наследи Лесли Менвил, која пред две години беше номинирана за оскар.