ЌЕ СЕ СНИМА ВТОРА СЕЗОНА ОД СЕРИЈАТА „НИКОЈ НЕ ГО САКА ОВА“ НА НЕТФЛИКС

САД, (Си-Ен-Ен)

Ќе се снима втора сезона од хит-серијата „Никој не го сака ова“ (Nobody Wants This), објави Нетфликс.

Серијата, која моментално е број еден на стримерот зборува за љубовта помеѓу Џоан и рабинот Ноа, кои ги играат Кристен Бел и Адам Бродли.

Џоан, водителка на подкаст без посебна религиозна припадност, се вљубува во Ноа, „жешкиот рабин“ кој потекнува од традиционално еврејско семејство. Во приказната се сестрата на Џоан, Морган (Џастин Лупе) и братот на Ноа, Саша (Тимоти Сајмонс), снаата Естер (Џеки Тон) и мајката на Ноа, Бина (Товах Фелдшух).

Во пилот епизодата, Џоан решава да го посети Ноа во неговиот храм, каде што е преплавен со понуди од многу жени кои се обдуваат да го убедат да излезе со нивните ќерки откако претходно прекинал долгогодишна врска. Против врската на рабинот со Американката која не е припадничка на ниту една религија е целото негово семејство, освен брат му.