МЕЈЗИ ВИЛИЈАМС СИ ГО ЗАДРЖАЛА КОСТИМОТ НА АРЈА СТАРК КАКО СУВЕНИР

Лондон, (Тајм)

Актерката Мејзи Вилијамс официјално го заврши снимањето на осмата и последна сезона на „Игра на тронови“. Иако нејзиното време како Арја Старк е готово, таа секогаш ќе си има совршен сувенир што ќе ја потсетува на неа.

Во интервјуто за „Би-Би-Си радио 1“, Вилијамс откри дека предметот кој одлучила да го задржи од мегапопуларната ТВ-серија е долгото кожно темнокафеаво палто на Арја.

„Можам да се замислам еден ден како ја гледам серијата и си велам: ‘Еднаш глумев овде и го носев ова палто’“, му рече таа на водителот Ник Гримшо.

Оделото е значајно за семејството Старк низ целата серија. Нед и Роб го носеа за време на нивното владење, а подоцна и Џон Сноу откако ја напушти Ноќната стража. Арја почна да го носи оделото кога се врати во Вестерос по тренингот со Луѓето без лица, навестувајќи дека ќе си го врати семејниот идентитет.

Ејч-Би-О неодамна најави дека премиерата на осмата сезона ќе биде во првата половина на 2019 година.