СНЕПЧЕТ ДИСМОРФИЈА – СЕ ОПЕРИРААТ ЗА ДА ИЗГЛЕДААТ КАКО НА СЕЛФИЈА ИЗМЕНЕТИ СО ФИЛТРИ

Бостон, (Гардијан)

Пластичните хирурзи пријавуваат сѐ поголем случаи кога пациенти им доаѓаат со селфија изменети со филтри на Снепчет и Инстаграм и барајќи да изгледаат како на ретушираните фотографии.

Истражувачите од Медицинскиот центар во Бостон објавија студија, во која го опишаа овој тренд како „Снепчет дисморфија“, сугерирајќи дека филтрите на апликациите имаат катастрофално влијание врз самодовербата на корисниците.

Автопортретот на Фрида Кало пред и откако беше изменет со филтри на Снепчет

Снепчет има широк спектар филтри кои автоматски ги менуваат фотографиите, користејќи вештачка интелигенција. Тие, меѓу другото, им даваат нов изглед на кожата и на структурата на коските.

Во извештајот се кажува дека овие филтри предизвикуваат телесна дисморфија, ментално заболување кое води кон компулсивни тенденции, како прекумерна грижа за убавина и повлекување од социјални активности.

„Овие филтри не само што предизвикуваат идеалистички, недостижни стандарди за убавина, туку и целосно нечовечки, при што кај пациентите се замлагува границата помеѓу реалноста и фантазијата“, се вели во извештајот.

Апликациите како „лајн камера“ и „фејстјун“ го прават лицето потенко, посиметрично и исчистено, речиси совршено, како од анимиран филм.

„Најчести зафати досега беа корекции на носот, а сега, пациентите сакаат да изгледаат како на селфијата изменети со филтри“, стои во извештајот.