НАЈИСЧЕКУВАНИТЕ ФИЛМОВИ И СЕРИИ ВО 2022

Лос Анџелес, (Би-Би-Си)

2021 беше уште една скромна година за холивудските стандарди откако пандемијата на коронавирусот одложи бројни премиери, а публиката дури неодамна почна да се враќа во киносалите. Ова се некои од најисчекуваните филмови и серии кои треба да излезат во 2022.

„БЕТМЕН“
Роберт Патинсон ќе дебитира во улогата на Бетмен во филмот кој го прикажува во неговата втора година од борбата со криминалот. Во актерската екипа се и Зои Кравиц, Колин Фарел, Енди Серкис, Џон Тортуро и Пол Дано.

„ВРЕСОК“
Комичната хорор франшиза се враќа со четвртиот дел по 22 години, а со него и главните ѕвезди Нив Кембел, Кортни Кокс и Дејвид Аркет. Дејството се случува 25 години по оригиналната серија убиства во Вудсборо.

„THOR: LOVE AND THUNDER“
Засега нема детали за дејството, но Натали Портман ќе ја преземе улогата на Тор.

„ТОП ГАН: МАВЕРИК“


По две години одложувања, конечно повторно ќе го видиме Том Круз во улогата на Маверик, сега како тренер на новите пилоти.

„KILLERS OF THE FLOWER MOON“
Ова е шестата соработка на Скорсезе и ДиКаприо, односно десетта на Скорсезе и Де Ниро. Членови на племето Осиџ се убиени под мистериозни околности во 1920-ите, што покренува голема истрага на ФБИ.

„СВЕТОТ ЈУРА: ДОМИНИОН“
Четири години по дејството во „Паднато кралство“, низ светот се продаваат генетски модифицирани диносауруси. Покрај Крис Прат и Брајс Далас-Хауард, се враќаат и оригиналните ѕвезди на серијалот Сем Нил, Лора Дерн и Џеф Голдблум.

„DOCTOR STRANGE IN THE MULTIVERSE OF MADNESS“
По случувањата во „Спајдермен: Нема пат до дома“, Доктор Стрејнџ се соочува со најголемата закана досега: мултиверзум, па бара помош од Ванда Максимоф.

„НЕВОЗМОЖНА МИСИЈА 7“
Уште еден блокбастер чие снимање се одолжи поради пандемијата, но Том Круз по седми пат ќе биде Итан Хант.

„КУЌАТА НА ЗМЕЈОТ“


Дејството се случува 300 години пред настаните во „Игра на тронови“. Фокусот во приквелот е на семејството Таргарјен и ќе има 10 епизоди.

„ГОСПОДАР НА ПРСТЕНИТЕ“
Се најавува како најскапа серија на сите времиња. Малку се знае за содржината, вклучувајќи го и официјалниот наслов. Познато е само дека се случува за време на таканареченото Второ доба, односно илјадници години пред дејството во книгите „Господар на прстените“ и „Хобит“.

„ПЕМ И ТОМИ“
Серијата ја следи бурната врска на Памела Андерсон (Лили Џејмс) и Томи Ли (Себастијан Стен) по објавувањето на нивната секс-снимка.

„СЕНДМЕН“
Заснована врз стрипот на Нил Гејман, серијата ќе ја раскаже приказната за Морфеус/Дрим, кралот на соништата и еден од седумтемина Бесконечни. Во главната улога е Том Стариџ.

„THE LAST OF US“
Заснована врз култната видеоигра, серијата се случува 20 години по уништувањето на модерната цивилизација, при што Џоел треба да ја прошверцува 14-годишната Ел од карантинската зона.

„ОБИ-ВАН КЕНОБИ“
Јуан Мекгрегор ќе ја повтори улогата на легендарниот џедај, а дејството на серијата се одвива 10 години по „Одмаздата на Сит“.