„Нетфликс“ работи на нова модерна адаптација на класикот на Лав Толстој, „Ана Каренина“, чиј работен наслов е „Ана К“. Тоа ќе биде прва оригинална руска серија на стриминг гигантот.

Славната руска актерка Светлана Ходченкова (38) ќе ја игра насловната улога, а режисерите и сценаристите на епизодите исто така ќе бидат Руси. Дејството ќе се случува во 21. век во Москва, Санкт Петербург и во руски села.

„Многу сме горди што можеме да ја најавиме нашата прва руска серија. Талентираниот тим на сценаристи, режисери и продуценти осмисли фантастична серија. Возбудени сме што овој толку ценет роман ќе го донесеме со нова визија пред Русија и светот“, изјави директорот за оригинални серии на „Нетфликс“, Мaјкл Аѕолино.