Стриминг гигантот „Нетфликс“ објави дека ќе се снима втора сезона на серијата „Плејмејкерка“ (Running Point). Серијата имаше премиерата на 27 февруари.
Ѕвездата на серијата Кејт Хадсон во соопштението кажа:
„Добриот газда на кошаркарски тим знае кога да ги слуша навивачите. Така, ве слушаме, а исто така и ‘Нетфликс’ ве слуша. ‘Плејмејкерка’ официјално се враќа за сезона 2! Премногу се радувам затоа што вие сте причината што можеме да се вратиме и да направиме уште една сезона“.
Во серијата во која Хадсон игра шефица на успешен машки кошаркарски клуб од Лос Анџелес глумат и Џастин Теро, Бренда Сонг, Дру Тарвер, Скот Мекартур, Чет Ханкс и Тоби Сандерман.
(Фото: ИМДБ)