Кевин Смит објави дека ќе прави нова анимирана серија за Хи-Мен, која уживаше голема популарност и во поранешна Југославија.

Серијата насловена „Господари на универзумот: откровение“ повторно ќе се случува во светот инспириран од играчките на „Мател“ и Смит ќе биде нејзин автор и извршен продуцент.

„Бескрајно сум им благодарен на ‘Мател‘ и ‘Нетфликс‘ што ми ги доверија не само тајните на Грејскал, туку и на целиот универзум. ‘Откровение‘ ќе продолжи таму кадешто застана класичната ера на серијата и новата епска приказна можеби ќе ја донесе финалната борба помеѓу Хи-Мен и Скелетор“, изјави Смит.

Оригиналната серија „Хи-Мен и господари на универзумот“ се емитуваше од 1983 до 1985 година и се базираше на линијата играчки на „Мател“.

„‘Господари на универзумот‘ беше културен феномен за цели генерации и фановите долго го чекаа продолжението на оваа приказна“, додаде Смит, нарекувајќи се себеси суперфан на Хи-Мен.