Нетфликс“ и телевизијата „Мател“ ги објавија првите фотографии и датумот на премиерата на возобновената анимирана серија „Господари на универзумот“, која го враќа Хи-Мен на малите екрани по цели 36 години. Првиот дел со пет епизоди ќе излезе на „Нетфликс“ на 23 јули.

Господари на универзумот: Откровение“ е директно продолжение на серијата што се емитуваше од 1983 до 1985 година, а режисер е Кевин Смит. Ова е една од двете серии за Хи-Мен што ги прави „Нетфликс“.

Наративно, нашата серија е како следната епизода од анимираната серија од 1980-ите. Ова е продолжение на таа приказна. Се играме со оригиналните ликови и митологија и се навраќаме и одиме подлабоко во некои од нерешените приказни“, изјави Смит.

Гласот на принцот Адам/Хи-Мен ќе го позајми Крис Вуд, а во актерската екипа се и Марк Хамил, Сара Мишел Гелар, Лена Хиди, Алиша Силверстоун, Хенри Ролинс, Стивен Рут…