„НОВИОТ ПАПА“ ЌЕ ИМА ПРЕМИЕРА НА ЕЈЧ-БИ-О ВО ЈАНУАРИ

Њујорк, (Вараети)

Ејч-Би-О конечно го објави датумот на премиерата на продолжението на серијата „Младиот папа“ од 2017 година, со Џуд Ло во главната улога.

Сега под името „Новиот папа“, таа ќе почне да се емитува на 13 јануари и ќе има десет епизоди.

На екипата ѝ се придружува Џон Малкович во улогата на британскиот аристократ Џон Бранокс, кој го наследува Пиј 13 (Ло) на папскиот трон под името Јован Павле Трети.

„Серијата продолжува таму каде што застана ‘Младиот папа‘. Лени Белардо (Пиј 13) е во кома и државниот секретар Војело успева да го намести сер Џон Бранокс на папскиот трон. Новиот папа се чини идеален, но крие тајни и на Војело му станува јасно дека нема да биде лесно да се наследи харизматичниот Пиј 13, кого го прогласуваат за светец“, најавува Ејч-Би-О.

Во серијата ќе се појават и Шерон Стоун и Мерилин Менсон.