Стриминг платформата „Парамаунт+“ објави трејлер за серијата „MobLand“, чиј продуцент е Гај Ричи.
Во главната улога е Том Харди, кој глуми криминалец кој му помага на мафијашкото семејство Хариган. Ова семејство го водат сопружниците Конрад и Мејв, кои ги толкуваат Пирс Броснан и Хелен Мирен.
Серијата го следи крвавиот судир помеѓу семејствата Хариган и Стивенсон, кои се борат за превласт во криминалното подземје.
„MobLand“ првично била замислена како продолжение на серијата „Рој Донован“, за подоцна да стане оригинална приказна. Премиерата е најавена за 30 март.