Телевизискиот пренос од 92. доделување на Оскарите имал најмала гледаност во историјата, објави компанијата „Нилсен“. Церемонијата на Академијата за филмска уметност и наука ја следеле 23,6 милиони гледачи, што значи дека стапката на гледаност паднала за 20 проценти во споредба со лани.

ТВ-преносот во 2018 го гледале 26,5 милиони луѓе.

Церемонијата почна со настапот на Џанел Моне и со комичен монолог на Стив Мартин и Крис Рок. Оскарите втора година по ред немаа водител и голем број критичари сметаат дека тоа било голем хендикеп.

„Беше премногу предвидливо, бело и досадно. Водителот може да му даде облик на преносот и глас таму каде што никој не го покрива тоа“, вели Џејмс Пониевозик од „Њујорк тајмс“.