ПОТВРДЕНА ВТОРАТА СЕЗОНА НА „ИГРА НА ЛИГНИ“

Њујорк, (Си-Ен-Ен)

Нетфликс“ и официјално објави дека еден од неговите најголеми хитови „Игра на лигни“ ќе има и втора сезона.

Ги-хун се враќа, Фронт Мен се враќа. Втората сезона доаѓа“, изјави режисерот и сценарист Хванг Донг-хјук.

Тој навести дека ќе се појават и нови ликови, но и дека ќе има нов развој на приказната.

Игра на лигни“ стана најгледаната серија на „Нетфликс“ кога беше објавена во септември минатата година, додека Ох Јеонг-су освои Златен глобус за најдобра споредна улога.

Беа потребни 12 години за да се создаде првата сезона на ‘Игра на лигни‘, а само 12 дена за да стане најпопуларната серија на сите времиња“, додаде Хванг.

Засега нема најави кога би излегла втората сезона, но Хванг проценува дека тоа би се случило во 2023 или 2024 година.