ПРЕМИЕРИ НА ТВ-СЕРИИ ШТО ГИ ИСЧЕКУВАМЕ ВО 2018

Њујорк, (Вараети)

Општ впечаток е дека живееме во времето кога се прават најдобри серии досега.

„Нетфликс“, ХБО, Еј-Ем-Си и други компании поставија високи стандарди како треба да изгледа добра серија и тие не само што создаваат нови филмски ѕвезди, туку и оние веќе етаблирани актери сега се „тепаат“ за телевизиска улога.

Затоа со нетрпение очекуваме да видиме кои нови серии доаѓаат во 2018 година.

9-1-1

Главни улоги: Анџела Басет, Кони Бритон, Питер Краузе.

Содржина: Серија која следи полицајци, болничари, пожарникари и диспечери во нивните напори да спасат животи во Лос Анџелес.

Црна Молња

Главни улоги: Крес Вилијамс, Чајна Ен Меклејн.

Содржина: Пензиониран суперхерој се враќа за да го исчисти своето маало од криминалци.

Убиството на Џани Версаче: американска крими приказна

Главни улоги: Пенелопе Круз, Едгар Рамирес.

Содржина: Вистинската приказна за убиството на модната икона.

Странец

Главни улоги: Даниел Брул, Лук Еванс, Дакота Фенинг.

Содржина: Психолог и новинар во 1896 година се обидуваат да фатат сериски убиец кој убива само малолетни машки проститутки.

Розен

Главни улоги: Розен Бар, Џон Гудмен, Лори Меткалф.

Содржина: Камбек на една од најпопуларните хумористични серии на сите времиња и тоа со истата екипа.

Терор

Главни улоги: Џеред Харис, Тобајас Мензис, Сијаран Хајндс.

Содржина: Хорор приказна за капетанот Џон Френклин и за неговата експедиција на Арктик, погодена од глад, болести, побуна и канибализам.

Остри предмети

Главни улоги: Ејми Адамс, Патриша Кларксон, Елизабет Перкинс.

Содржина: Новинарка оди во родното гратче за да го истражи убиството на две девојчиња.

Титани

Главни улоги: Брентон Твејтс, Ана Диоп, Тиган Крофт.

Содржина: Авантурите на тимот суперхерои предводен од Робин, партнерот на Бетмен.

Добри знаци

Главни улоги: Дејвид Тенант, Мајкл Шин.

Содржина: Ангел и демон здружуваат сили за да го спречат доаѓањето на антихрист.

Манијак

Главни улоги: Џона Хил, Ема Стоун

Содржина: Црна комедија за два психички болесници и за нивните имагинарни светови.

Вако

Главни улоги: Мајкл Шенон, Тејлор Кич.

Содржина: Приказна за трагичната 51-дневна опсада на седиште на секта.

Првиот

Главни улоги: Шон Пен, Наташа Мекилон.

Содржина: Серија за првата мисија на Марс.

Нерешено

Главни улоги: Џош Духамел, Боким Вудбајн, Вејви Џонз.

Содржина: Серија за ривалството на хип хоп легендите Тупак Шакур и Биги.

Кесл Рок

Главни улоги: Мелани Лински, Сиси Спејсик, Бил Скарсгард.

Содржина: Психолошки трилер за гратчето во коешто се спојуваат приказни на повеќе ликови од книгите на Стивен Кинг.