Продуцентот на ТВ-серијата „Белиот лотус“, Дејвид Бернард кажа дека лажни сценарија со шест различни финалиња биле поделени за време на снимањето на хит-серијата на „Ејч-Би-О“, за да се осигураат дека вистинското финале нема да протече во јавноста.
На 6 април се емитува последната, осма епизода од третата сезона на „Белиот лотус“, и се најавува дека ќе трае 90 минути.
„Во сценаријата напишавме шест лажни краеви и ги поделивме на екипата, во случај некој да го објави некаде. Која ја снимавме последната сцена, го затворивме цел сет. Така, никој немаше пристап до тоа што снимаме и никој што не е дел од екипата не виде што работиме“, изјави Бернард за „Пипл“.
Марк Вајт, креаторот на серијата која доби 15 награди Еми, овојпат ги носи жителите на западот да се запознаат со духовноста на истокот. Во третата сезона играат Џејсон Ајзакс, Волтон Гогинс, Кери Кун, Лесли Биб, Мишел Монахан и Патрик Шварценегер.
(Фото: Бинџ)