ТВ-СЕРИЈАТА СО КОЈА СЕ ПРОСЛАВИ ЗЕЛЕНСКИ СЕ ВРАЌА НА „НЕТФЛИКС“

Њујорк, (АФП)

Комичната ТВ-серија со која Володимир Зеленски се прослави пред да стане претседател на Украина повторно ќе се прикажува на „Нетфликс“ во САД. „Слуга на народот“ имаше три сезони од 2015 до 2019 и беше хит во Украина, а интересот за неа повторно порасна откако Зеленски стана лицето на нацијата кое ѝ пркоси на руската инвазија.

Правата за емитувањето на серијата ги откупија и ТВ-куќи од Блиски Исток, Велика Британија, Грција, Романија, Бугарија, Молдавија, Естонија, Франција, Финска и Грузија.

Во серијата, Зеленски го глуми Васили Петрович Голобородко, средношколски професор кој станува претседател откако на интернет се прошири студентско видео во кое ја напаѓа корупцијата на власта.