КИТ ХАРИНГТОН ПЛАЧЕЛ КОГА ЈА ЧИТАЛ ПОСЛЕДНАТА ЕПИЗОДА НА „ИГРА НА ТРОНОВИ“

Лос Анџелес, (Дејли Мејл)

Актерот Кит Харингтон плачел кога го читал сценариото на последната епизода на серијата „Игра на тронови“.

30-годишниот актер кој го игра ликот на Џон Сноу, вели дека знае сè како мегапопуларната серијата ќе заврши.

„Мината недела имавме читање, па сега знам сè. Плачев на крајот. Осум години сум дел од екипата тоа е подолго дури и од времето поминато во училиште и студиите по глума. Ќе биде чудно да ѝ кажам збогум на екипата и да ги снимам последните сцени како Џон Сноу. Не само што јас се приврзав со ликот, туку милиони луѓе ширум светот се привзани со него“, реле Харингтон гостувајќи синоќа на ТВ шоу.

Последната сезона на „Игра на тронови“ ќе се емитува на каналот ХБО во 2019 година, ќе има само шест епизоди и ќе биде најскапа досега со буџет од 15 милиони долари за една епизода.

Финалето на серијата се чува во најголема тајна.

„Не кажувај никому кога ќе снимаме, немој да се сликаш во Белфаст, ниту да објавуваш слики. Ништо од ова не смееш да правиш“, кажа Кит за строгите правила на продуцентите околу откривањето детали за последната сезона.

Кит го игра Џон Сноу од првата епизода на серијата, која почна да се емитува пред шест години. На снимањето ја запозна Роуз Лесли, која го играше ликот на Игрит. Во врска се од 2012 година а есенва се свршија.