УСВОЕНА ЖАЛБАТА НА КЕЈТИ ПЕРИ, СМЕЕ ДА ГО КОРИСТИ СВОЕТО ИМЕ ВО АВСТРАЛИЈА

Сиднеј, (Би-Би-Си)

Пејачката Кејти Пери (Katy Perry) успешно ја обжали судската одлука против користењето на нејзиното име во Австралија, откако беше тужена од австралиска дизајнерка која продава облека под родното име Кејти Пери (Katie Perry).

Тројца апелациски судии ја укинаа судската одлука од лани која беше во полза на дизајнерката Кејти Тејлор. Тие кажаа дека пејачката го користела своето име како бренд пет години пред Тејлор да го почне својот бизнис и тогаш веќе се стекнала со меѓународен углед.

Во исто време, беше укината регистрацијата за заштита на името, поднесена од Тејлор.

„Ова беше битка на Давид против Голијат. Исходот на случајот ме уништи“, изјави Тејлор.

Новата судска одлука доаѓа додека Кејти Пери се подготвува за нова светска турнеја, како поддршка на нејзиниот повратнички албум „143“.

(Фото: Гети)