ВЕЧЕРВА СНИМКА ОД „ЗЛАТНА БУБАМАРА НА ПОПУЛАРНОСТА“ НА ТВ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Вечерва (2 март) од 19.30 на ТВ Канал 5 ќе се емитува снимка од шоуто „Златна Бубамара на популарноста“ кое годинава се одржа по 28.пат на 19 февруари во салата „Борис Трајковски“.

„Златна Бубамара“ годинава имаше доста интересни точки и настапи, а меѓу нив се оние на Калиопи, која доби три награди: за пејачка на годината, албум и поп концерт на годината, Дарио кој доби награда за трајни музички вредности, Мухарем Сербезовски кој доби награда за животно дело, Сузана Спасовска која доби награда за трајни музички вредности.

Игор Џамабазов запеа на јапонски, и свирејќи укулеле го пречека специјалниот гостин од Токио, Казухиро Котецу. На социјалните мрежи и во медиумите Котецу е познат по тоа што ги испеа „Земјо македонска“, „Македонско девојче“ и други македонски народни песни. Котецу доби награда за промоција на македонската култура и ја испеа „Ако умрам ил загинам“ од Јонче Христовски.

Публиката се смееше на стендап точките на Сашко Коцев (фото), Тино Костадиновски и Жарко Јовановиќ.

 

Фото: К.Попов