„Величествениот шоумен“ не помина славно кај критичарите, но мјузиклот беше одлично примен од публиката во киносалите.

Со оглед на тоа што оригиналната музика се задржа 11 недели на првото место во Велика Британија, не треба да изненадува фактот дека публиката бара сценска адаптација.

„Сан“ објави дека се работи на бродвејска верзија на филмот со Хју Џекман во главната улога, а за тоа се дискутираше и на Канскиот филмски фестивал.

„Разговаравме за жива верзија на претставата уште пред да излезе филмот”, изјави Џекман претходно за „Форбс” и додаде:

„Во еден момент од осумгодишното патување на овој филм имаше дискусија дали тој треба прво да биде театарски мјузикл“.