ВИНСЕНТ КАСЕЛ СЕ ОЖЕНИ СО ТРИЕСЕТ ГОДИНИ ПОМЛАДА МАНЕКЕНКА

Париз, (АФП)

Педесет и едногодишниот француски актер Винсент Касел се ожени со неговата 21-годишна девојка, манекенката Тина Канакеј, на интимна церемонија во Франција.

Касел 14 години беше во брак со италијанската актерка Моника Белучи, со која имаат две деца, пред да се разведат во 2013.

Касел е најпознат по улогите во „Црниот лебед“, „Џејсон Борн“, „Дванасеттемина на Оушн“ и „Тринаесеттемина на Оушн“.

Француските медиуми пренесуваат дека двојката се венчала во присуство на стотина гости, во мало крајбрежно место во близина на Бијариц, југозападна Франција.