Во германскиот град Нирнберг се отвори најголемиот светски саем за играчки, кој оваа година се фокусира на игри и играчки за возрасни. Оваа година, околу 2.000 изложувачи од 70 земји ги промовираат своите производи на саемот.
Играчки кои не привлекуваат само деца се дел од корпоративната филозофија на производителот на дрвени коцки „Капла“.
„Возрасните не се играат со децата само за да ги анимираат. Тие и самите се забавуваат, а децата го чувствуваат тоа“, рече иноваторот Том ван дер Бриген.
Популарното „фудбалче“ исто така е наменето за деца и возрасни веќе 100 години, рече Матијас Миег, управен директор на семеен бизнис од југозападна Германија.
Производите на „Плејмобил“ досега беа наменети за деца до 10-годишна возраст, но компанијата сега сака да привлече и тинејџери и возрасни.
Саемот вклучува и лиценци за филмови, компјутерски игри и одржливи играчки.
(Фото: ДПА)