ВОЕНИОТ ВЕТЕРАН КОЈ СОБРА 30 МИЛИОНИ ФУНТИ ЗА БРИТАНСКАТА ЗДРАВСТВЕНА СЛУЖБА ДОБИ 125.000 ЧЕСТИТКИ ЗА 100. РОДЕНДЕН

Лондон, (Скај)

Илјадници честитки се испратени до училиштето во Бедфорд по повод претстојниот 100. роденден на капетанот Том Мур, ветеранот на Втората светска војна кој собра речиси 30 милиони фунти за британските здравствени работници шетајќи низ својата градина.

Повеќе од 125.000 роденденски честитки пристигнале на адресата на училиштето, каде што учи внукот на Мур, а меѓу нив и од Вилијам и Кејт и од капитенот на англиската фудбалска репрезентација Хари Кејн.

Роденденот на Том Мур е задутре (Фото: ПА)

Вработените во училиштето мораа да му помогнат на 16-годишниот Бенџи Инграм-Мур откако честитките почнале да пристигнуваат од цел свет. Мур ќе наполни 100 години в четврток, што оваа недела на своите пратки го одбележува и Кралската пошта.

Количеството честитки што пристигнуваат за мојот дедо е неверојатно. Има толку многу убави пораки и желби, а илјадници деца и му нацртаа нешто. Преку честитките се донирани уште 60.000 фунти. Многу сме горди како нацијата го засака дедо ми“, изјави Бенџи.