Актерката Кејт Винслет вели дека жените би требало да слават што имаат вистински облик на телото, откако на снимање филм неодамна ѝ било кажано да седи поисправено за да си го скрие стомакот.
Зборувајќи за својот нов филм „Ли“, Винслет кажа дека нејзината работа била да биде како ликот Елизабет Ли Милер, манекенка која станала угледна фотографка во Втората светска војна.
„Таа не кревала тегови, ниту вежбала пилатес. Јадела кашкавал и леб и пиела вино и не правела голема работа од тоа. Се разбира дека нејзиното тело било меко. Жените би требало да слават што имаат вистински облик на телото, што се меки и што можеби имаат некоја стомачна ролна повеќе“, рече 48-годишната Винслет.
Таа смета дека ова е нешто за што треба да се разговара.
„Се навикнавме да не мора да го гледаме тоа и да не уживаме во тоа. Луѓето непотребно сакаат да ставаат етикети на жени. Животот е прекраток и не сакам веќе да се грижам за такви работи“, вели оскаровката.
На Винслет не ѝ пречи ако не изгледа совршено на екранот.
„Напротив, горда сум со тоа. Се чувствувам поудобно со себеси како што поминува секоја година. Тоа ми дозволува да испари мислењето на другите“, кажа британската актерка.
(Фото: ЕПА)