Филмот „Светот Јура: Паднато кралство“ од денеска игра во кината Синеплекс и Милениум.
Ова е петти дел од франшизата „Паркот Јура“, по трите филмови на Стивен Спилберг и последниот од 2015 година.
Режисер на оваа научно-фантастична авантура е Шпанецот Х. А. Бајона, а играат Брајс Далас Хауард, Крис Прат, Џеф Голдблам и Тоби Џонс.
„Кога заспаниот вулкан на островот ќе почне да заживува, Овен и Клер почнуваат акција да ги спасат од изумирање преостанатите диносауруси. Тие стигнуваат на островот во моментот кога лавата почнува да го уништува и нивната експедиција открива заговор, кој може да ја загрози целата планета и да ја доведе во состојба каква што не е видена уште од праисторија“, е дел од содржината.