„СМЕШИНГ ПАМПКИНС“ ОБЈАВИЈА НОВА ПЕСНА ПО 18 ГОДИНИ

Лос Анџелес, (Ролинг стоун)

„Смешинг пампкинс“ објавија нова песна насловена „Солара“, како најава на нивната претстојна турнеја, на којашто ќе се обединат три од четворицата оригинални члена.

Ова е првата песна во последните 18 години што заеднички ја снимија фронтменот Били Корган, гитаристот Џејмс Иха и тапанарот Џими Чемберлин. На песната продуцирана од Рик Рубин свири и долгогодишниот гитарист на групата Џеф Шредер. Тие за првпат во живо ќе ја изведат новата песна в понеделник, во шоуто на Џими Фелон.

Корган, Иха и Чемберлин за последен пат свиреа заедно на албумот „Без наслов“ од 2000 година. Оригиналната басистка ДиАрси Врецки нема да биде дел од возобновувањето на бендот, затоа што, како што кажа, Корган ѝ понудил да свири само на некои концерти. Корган вели дека не ја видел Врецки 19 години.

„Пред две години почнавме да го обновуваме нашето пријателство, но сега веќе нема никакви шанси за тоа“, изјави Корган, кој тргнува на турнеја на 12 јули.