КАКО БУДИМПЕШТА СТАНА ОМИЛЕН ГРАД ЗА ХОЛИВУДСКИТЕ ФИЛМОВИ

Будимпешта, (Си-Ен-Ен)

Главниот град на Унгарија, Будимпешта, сѐ почесто игра главна улога во високобуџетни холивудски продукции.

Магичниот унгарски град се појави во хитови како „Истребувач 2049″, „Предавство“, „Инферно“, „Шпионска игра”, „Шпион“ „Евита”, „Марсовец“, „Транспортер 3“, „Убав ден да се умре машки“ „Атомска русокоса”, како и во нови филмови кои допрва треба да излезат.

Сцена од научнофантастичниот филм на Ридли Скот, „Марсовец“, која беше снимена во една од најсовремените згради во Будимпешта

Холивудските ѕвезди, меѓу кои Анџелина Џоли, Рајан Гослинг, Харисон Форд и Џенифер Лоренс, ја направија оваа дестинација како свој дом додека снимаа таму.

Новите филмови како „Колет“, „Шпионот кој ме откачи”, „Терор” и „Робин Худ”, донесоа уште поголеми имиња во Будимпешта во последните месеци.

Благодарение на инвестициите на Унгарскиот национален филмски фонд, тамошната филмска индустрија стана една од највлијателните движења во европскиот филмски бизнис.

Локацијата на парламентот е искористена за снимање сцени со Џејсон Стејтем во „Транспортер 3“

За време на 50-ите и 60-ите години, филмската индустрија во земјата беше повеќе синоним за комунистичкото минато. Сето тоа се промени во почетокот на 2010 година, кога продуцентот роден во Унгарија, Енди Вајна, кој работеше на „Терминатор” и „Рамбо”, ѝ помогна на земјата да влезе во современиот филмски бизнис, станувајќи нејзин филмски комесар.

„Создадовме атрактивна шема за даночен поттик на продукциите”, вели Вајна за Си-Ен-Ен травел, осврнувајќи се на попустот од 25 отсто на данокот што го даваат во Унгарија.

Унгарија и Будимпешта нудат одлични локации и добро опремена инфраструктура за филмски продукции. На пример, таа го има најголемиот резервоар за вода во континентална Европа, кој се користеше во „Истребувач 2049″.