Софи Тарнер им навести на фановите да очекуваат многу крв во последната сезона на „Игра на тронови“.
Дваесет и двегодишната британска актерка, која осум сезони ја игра Санса Старк, откри дека финалето на серијата ќе донесе голем судир на главните ликови.
„Сите ќе се соберат за да се борат едни против други. Доаѓа голема пропаст. Не сакам повеќе да откривам, но тоа ќе биде голема закана за сите“, вели Тарнер.
Таа вели дека последната сезона ќе биде поразлична од сè што досега беше видено.
„Ќе биде многу, многу интересно. Ова е ‘Игра на тронови‘, но ќе стане уште покрваво и ќе има многу повеќе умирања. Тоа ќе биде поголема емотивна тортура од сите досегашни сезони заедно“.
Осмата сезона ќе има само шест епизоди и точниот датум на премиерата во 2019 година сè уште не е објавен.