Шестиот дел од франшизата „Невозможна мисија: Последици“ имаше светска премиера во Париз, градот во кој беше снимен најголем дел од филмот.
Tом Круз по шести пат го игра агентот Итан Хант, а во актерската екипа се и Сајмон Пег, Ребека Фергусон, Анџела Басет, Хенри Кавил и Алек Болдвин.
Иако 56-годишен, Круз сам ги снимаше акционите сцени, а лани во август, скокајќи меѓу две згради во Лондон, го повреди зглобот, па снимањето паузираше некое време.
По премиерата, филмот добива одлични критики во медиумите, а дел од насловите се дека е „спектакуларен“, „неверојатно одличен“, како и дека е филм на летото.