Скарлет Јохансон се откажа од улогата на трансродова личност, по бурните реакции на ЛГБТИ заедницата. Таа требаше да го игра шефот на полицијата во Питсбург, Данте Текс Гил, кој бил роден како Џин Гил, во филмот „Раб и Таг“.
Но, изборот на ѕвездата на „Одмаздници“ доби остри критики, зошто таа да ја игра оваа улога, а не вистинска трансродова личност.
„Многу научив за заедницата откако ја дадов мојата прва изјава”, изјави Јохансон за магазинот „Аут“.
По првичните реакции, Јохансон одговори дека за коментар треба да се прашаат и колегите Џеред Лето и Фелисити Хофман, кои веќе играа трансродови личности.
„Иако сакав да ја пренесам приказната за Данте, разбирам зошто многумина сметаат дека тој треба да биде портретиран од трансродова личност. Благодарна сум што оваа дебата предизвика поголем разговор за различностите и за нивната застапеност во филмската индустрија“, додаде таа.