Десет години откако блокбастерот „Мама миа“ заработи над 600 милиони долари, продолжението насловено „Мама миа: Одиме понатаму“ синоќа имаше светска премиера во Лондон, а од задутре ќе игра и во скопските кина Синеплекс и Милениум.
Во новиот оригинален мјузикл според песните на шведската група „АББА“ игра екипата од филмот од 2008 година, како Аманда Сајфрид, Мерил Стрип, Џили Вотерс, Кристин Варански, Пирс Броснан, Колин Фирт и Стелан Скарсгард, а за првпат се појавуваат Шер и младата Лили Џејмс.