ЕНДИ СЕРКИС ЌЕ ГО РЕЖИРА „ЖИВОТИНСКА ФАРМА“ СПОРЕД ДЕЛОТО НА ОРВЕЛ

Лос Анџелес, (Холивуд рипортер)

„Нетфликс“ однесе уште една голема победа откако ги откупи правата за култниот роман на Џорџ Орвел, „Животинска фарма“. Филмот ќе го режира популарниот британски актер Енди Серкис, кој првпат беше поврзан со овој проект уште пред шест години. Тој во исто време ќе биде и еден од продуцентите на филмот и ќе има улога во него.

„Нетфликс“ на тој начин повторно ќе ги здружи силите со Серкис и со сценаристот Мет Ривс, со кои работеше и на успешниот серијал „Планета на мајмуните“.

Орвел го објави утопискиот роман за бунтот на животните против луѓето во 1945 година, инспириран од тогашните случувања во Советски Сојуз.

„Многу сме возбудени што конечно најдовме совршена креативна средина во ‘Нетфликс‘ за ова исклучително дело на Џорџ Орвел. Исто така, можноста да се работи со Мет Ривс значи дека ќе го имаме најдоброто можно сценарио за нашата долготрајна страст да ѝ дадеме живот на оваа приказна“, изјави Серкис, ѕвезда на „Господар на прстените“, за кого ова ќе биде режисерско деби.