ЕД ШИРАН СКРШИ РАМО,  ГО УДРИ КОЛА ДОДЕКА ВОЗЕШЕ ВЕЛОСИПЕД

Лондон, (Мирор)

Британскиот пејач Ед Ширан беше удрен од кола во Лондон. 26-годишниот Ширан се возел со велосипед кога се случила несреќата, а тој настрада со скршено рамо, што сигурно ќе му ги смени плановите за турнеји во блиска иднина.

Музичката ѕвезда ја потврди сообраќајната несреќа со објава на слика на својот Инстаграм профил со обвитканото рамо.

„Имав мала несреќа со велосипед и во моментот чекам да добијам лекарски совет“, вели тој.

Следните концерти на Ширан се закажани за во Азија за следните неколку недели, кои што можно е да ги откаже доколку не биде способен да настапи со скршено рамо.