ЛУЃЕТО НА КОИ ИМ ПОМИНУВААТ МОРНИЦИ ОД МУЗИКА ИМААТ ПОСЕБНИ МОЗОЦИ

Лондон, (Мирор)

Доколку некогаш ви се случило да ви лазат морници или пак да почувствувате грутка во грлото додека ја слушате ваша омилена музика седејќи во автобус или лежејќи на вашиот кревет, тоа значи дека сте многу посебна личност. Токму ова беше тезата на истражувањето на додипломецот Метју Сакс на Универзитетот Харвард, кое што беше објавено во научната ревија „Оксфорд Академик“. Сакс потврди дека своевидната физичка реакција на секој човек е показател за тоа колку прекрасно и истовремено зачудувачки е да бидеш уникатен.

Истражувањето покажа дека  луѓето кои имаат физички реакции кон музиката во суштина имаат поразлично структуиран мозок од тие кои не се трогнуваат толку. Тие доживуваат поинтензивни емоции токму бидејќи имаат подобар линк помеѓу мозочниот дел за слух на темпоралниот мозочен лоб и сивата материја која има функција на контрола на емоциите. Така што, следниот пат кога некој ќе ви каже дека единствените емоции се гладот и стравот, бидете спокојни и само насмевнете се!