Најголемите уметници во свирење воздушна гитара се собраа на централниот плоштад во финскиот град Оулу за да растураат на својот замислен инструмент, борејќи се за титулата на едно од најбизарните светски првенства.
На годинашното финале, учество зедоа 15 свирачи, од кои осум беа избрани низ квалификациите што се одржаа во други делови од светот. Титулата на 23. светско првенство ја однесе Јапонката Нанами Нагура, која настапи под уметничкото име Севн Сиз (Седум Мориња).
Таа го почна својот настап облечена како чистачка, трансформирајќи се во хеви метал гитаристка, кога нејзината песна стана пожестока. За награда, Нагура доби рачно изработена гитара наречена Летечки Флин.
„Многу, многу сум среќна. Не ми се верува што се случи“, кажа таа по победата.
Најстариот учесник беше Боб Вагнер, кој допатува дури од Канада за да го прослави тука својот 75. роденден.
„Јапонката го сфати ова многу сериозно, се гледа дека доста вежбала“, кажа продуцентот на шоуто, Анси Иконен.