УНИФОРМАТА НА ХАРИ И ВЕНЧАНИЦАТА НА МЕГАН ЌЕ СЕ ИЗЛОЖАТ ВО ВИНДЗОР

Лондон, (АП)

Униформата и венчаницата што принцот Хари и Меган Маркл ги носеа на нивната венчавка во мај ќе бидат изложени за јавност во замокот Виндзор, кадешто и се венчаа.

Обожавателите на кралската мода ќе можат одблиску да ги видат свилената венчаница од модната креаторка Клер Вајт Келер од „Живанши“, велот долг пет метри, како и тијарата со дијаманти и платина, која кралицата Елизабета Втора ѝ ја позајми на невестата. Ќе се изложи и копија од црната воена униформа на принцот Хари.

Изложбата насловена „Кралска свадба: војводата и војвотката од Сасекс“ ќе биде отворена од 26 октомври до 6 јануари во Виндзор, а следниот јуни ќе се пресели во Единбург, Шкотска.