ХРАМ ВО МАЛЕЗИЈА ДЕКОРИРАН ВО СИТЕ БОИ, НО НЕМАЛ ДОЗВОЛА ЗА ТОА

Куала Лумпур, (Би-Би-Си)

Комплекс хиндуистички храмови во Малезија доби нов, неверојатен изглед, откако 272-те скали кои водат кон пештерите Бату беа трансформирани во блескава низа од бои.

Комплексот што се наоѓа на периферијата на Куала Лумпур е популарна локација како за аџилак, така и за туристи и благодарение на новиот изглед, тој стана вистински хит на Инстаграм.

Сепак, локалните медиуми објавија дека раководителите на комплексот би можеле да дојдат во судир со властите за овој потег, бидејќи немале дозвола за тоа, а храмовите се наоѓаат под заштита на УНЕСКО. Ова значи дека скалите, можеби, ќе мора да се вратат во првичната состојба.

(Фото: АФП)