ЈУБИЛЕЈНА ИЗЛОЖБА НА КРСТЕ С. ЏИДРОВ И СЛОВЕНЕЧКАТА ПРЕТСТАВА „ИДИОТИ“ ВЕЧЕРВА НА МОТ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Програмата на Млад отворен театар денеска почнува во 19 часот во Младинскиот културен центар (МКЦ) со изложбата-ретроспектива на 35-годишната сценографска кариера на Крсте С. Џидров, еден од најистакнатите македонски сценографи.

Џидров е присутен во македонскиот театар и пошироко со повеќе од 150 сценографии за театарски претстави и со блиска соработка со над 40 режисери. Неговите сценографии се поставени на 33 театарски сцени. Ќе бидат изложени околу 90 паноа со скици, цртежи и фотографии од претставите.

Словенско младинско гледалишче од Љубљана од 20 часот во МКЦ ќе ја изведе претставата „Идиоти“. Претставата е работена според сценариото на познатиот дански режисер Ларс фон Трир, во режија на Нина Рајиќ-Крањац.

Во 22 часот, во МКЦ е претставата „Има уште – феминистички порно пејсаж“ на „Стејшн сервис“, современа танцова компанија од Белград.