КЕЛНСКАТА КАТЕДРАЛА ОСВЕТЛЕНА ВО ЧЕСТ НА 100 ГОДИНИ ОД КРАЈОТ НА ПРВАТА СВЕТСКА ВОЈНА

Келн, (Дојче веле)

Катедралата во Келн деновиве во ноќните часови е осветлена со пораки, во знак на одбележување на 100 години од крајот на Првата светска војна.

„Мир“ и „Никогаш повеќе“ се дел од пораките кои 15 минути се проектираат на јужната фасада на катедралата, инспирирани од слоганот „Дајте ни мир“ (Dona nobis pacem)” .

Инсталацијата ја проектираат 19 видео-проектори (Фото: ДПА)

Катедралата е на листата на УНЕСКО како заштитено светско културно наследство.

„Сакаме да ги искористиме значењето на катедралата и нејзината важност како едно од најпознатите свети места во Германијa“, изјави Герд Башер, одговорен за катедралата.

Двајца медија-артисти Детлеф Хартунг и Георг Тренц ја дизајнираа подвижната светлосна инсталација со 19 видео-проектори.

Уметниците велат дека нивната инсталација на некој начин е отворен дијалог со архитектурата, светлината и со типографијата за војна и мир.