ПРЕМИЕРАТА НА „ВОНДЕР ВУМАН 2“ ПРЕМЕСТЕНА ВО 2020

Лос Анџелес, (АП)

„Ворнер брос“ соопшти дека место во ноември 2019, продолжението на блокбастерот со Гал Гадот, „Вондер Вуман 1984“, ќе излезе на 5 јуни 2020 година.

Пети Џенкинс се враќа како режисер и ги заинтригира фановите со насловот дека приказната ќе направи скок во 80-ите години од минатиот век.

„Постигнавме огромен успех со објавувањето на првиот филм ‘Вондер Вуман‘ во лето, па откако повторно ни се укажа ваква можност, решивме да ја искористиме. Овој филм ќе се појави токму тогаш кога треба“, изјави Џеф Голдстин, претседателот на домашна дистрибуција на „Ворнер брос“.

„Вондер Вуман“ беше голем хит за „Ворнер брос“ и „Ди-Си комикс“, заработувајќи над 800 милиони долари низ светот.