МАНУ ЧАО СО ИЗНЕНАДУВАЧКИ СОЛО КОНЦЕРТ ВЕЧЕРВА ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Фестивалот Таксират ги изненади фановите со нов концерт на Ману Чао во Скопје, најавувајќи го вчера, 24 часа пред неговото одржување.

Популарниот француски музичар со шпанско потекло ќе одржи акустичен соло концерт под името Ел Шапулин, што ќе се случи вечерва во Младински културен центар, со почеток во 20.30 часот. За да биде ова вистински подарок за македонските фанови, влезот ќе биде бесплатен.

Голем пријател на Македонија и на „Пасворд продукција“, на Ману Чао не му се непознати дискретни и ненајавени настапи кај нас, па така летоска дојде и на Д фестивал во Дојран, одржувајќи соло свирка, надвор од предвидената програма.

Концертот на Ману Чао е само вовед во богатата музичка програма, што Таксират ја планира во наредните 40-ина дена, а ќе финишира со главната вечер на 8 декември.

Г. КОНЕВ