Актерката Клер Фој, најпозната како британската кралица Елизабета Втора во серијата „Круна“, смета дека публиката „ќе мора да ги менува брзините“ додека ја гледа во улогата на Лизбет Саландер, во нејзиниот нов филм „Девојката во пајакова мрежа“.
Лизбет Саландер е главниот лик во книжевната трилогија на шведскиот писател Стиг Ларсон, „Милениум“ и потоа доби поинаква верзија во „Девојката во пајакова мрежа“, која беше објавена по неговата смрт.
„Едвај чекам да ги видам реакциите на луѓето. Кога првпат ја прочитав книгата и кога првпат го погледнав филмот, останав без здив од крајот“, изјави 34-годишната глумица по премиерата на Римскиот филмски фестивал.
Во првите неколку рецензии по премиерата, критичарите ја фалат глумата на Фој, но ја критикуваат „нотата на Џејмс Бонд што ја има филмот“.
„Девојката во пајакова мрежа“ во Скопје ќе игра од 8 ноември.