Британскиот актер Идрис Елба направи мјузикл за животот во Јужна Африка по смртта на Нелсон Мандела.
Елба, кој го играше поранешниот претседател на Јужна Африка во филмот „Мандела: Долг пат до слободата“, е кокреатор на претставата „Дрво“ со Кваме Квеи-Армах, уметнички директор на „Лондон јанг вик“.
Елба во 2014 година, една година по смртта на Мандела, го издаде албумот „ми Мандела“ и изјави дека тој бил појдовна точка во создавањето на претставата, во која ќе има музика, танц и филм.
Мјузиклот премиерно ќе се прикаже во јули на меѓународен фестивал во Манчестер.