ФУСТАНИ ОД ТЕКСТИЛЕН ОТПАД НА МОДНИОТ ВИКЕНД (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)
The models present creation by young fashion designers who create outfit made from the left over materials in the textile factories during the Fashion weekend Skopje, Autmn- Winter with the theme “Fashion as a part of the ecosystem. Sustainable Story” in Skopje , The Former Yugoslav Republic of Macedonia on 02 November 2018.

„Модата како дел од екосистемот“ беше темата на модната инсталација и перформанс, кои беа претставени на вториoт ден од 18. Моден викенд во Скопје во „Скопје Мериот хотел“.

На капсулните колекции изработени од текстилен отпад работеа Емануела Трајческа, Сара Реџиќ, Ева Зарезанкова, Натали Наумова, Радица Лазова, Катерина Димитровска, Мирјана Јосифоска и Дана Ќосева, под менторство на дизајнерката Ирина Тошева и гостинките од Велика Британија, дизајнерката Ана Скодбо и една од водечките тамошни стилистки Ребека Рој.

Гостинките, кои долго време работат на одржлива мода, на младите дизајнери во рамките на проектот #sustainablestorymk им предаваа за техниките на бавно производство, одржливи ткаенини, сертифициран органски памук, производство на нула отпад, вегански материјали и за етички услови за производство.

Целиот проект го реализираше Моден викенд Скопје, со поддршка од Македонското модно здружение, Министерството за економија, Министерството за култура и Британскиот совет, со повеќе партнери од текстилната индустрија во Македонија.

Синоќа на модниот викенд, новите колекции ги претставија и Ирина Тошева, Теодора Митровска, Кренаре Ругова и Силвија Михајловска.

Фото: Ѓ. Личовски