НА 28 НОЕМВРИ ПРВПАТ ЌЕ СЕ ИЗБИРА МАЖ НА ГОДИНАТА ВО МАКЕДОНИЈА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Во Македонија за првпат ќе се избира Маж на годината.

Со цел да се наградат успешните мажи во државата, настанот ќе се одржи на 28 ноември во „Тренд гастро бар“ во Скопје и зад овој проект стојат единствениот машки онлајн магазин кај нас „Friday.mk“ и агенцијата за организација на настани „Momentum inc.“, а е поддржан од Сојузот на стопански комори на Македонија.

Ноември не случајно е избран за ваков настан, велат организаторите, бидејќи тоа е месец на свесност за машко здравје.

„Да се организира еден ваков настан претставува чест и задоволство. Македонија има многу малку настани од ваков тип, а имаме навистина голем потенцијал и квалитет. На овој настан сакаме да ги наградиме најуспешните мажи кај нас во десетина категории, нивните труд, работа и активности“, изјавија организаторите.

На изборот ќе има неколку категории, како маж на годината, маж со трајни вредности, менаџер на годината, маж со најголеми достигнувања во културата, маж со најголеми достигнувања во спортот… За секоја категорија ќе има посебно жири, кое ќе даде свои номинации.