СИНЕДЕЈС НЕ Е ФЕСТИВАЛ ШТО СЕ ОТВОРА СО ЦРВЕН КИЛИМ – АНДЕРСОН И ФАЈНС ДЕНЕСКА НА ПРОГРАМАТА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Со неформален коктел и диџеј сет на Зоки Бејбе, изложба на фотографии од Самир Љума, филмови и концерт, синоќа во полниот Младински културен центар (МКЦ) почна 17. издание на Фестивалот на европски филм Синедејс.

Директорот на МКЦ, Русе Арсов, рече дека годинава го промениле концептот на гала отворање со црвен килим, затоа што тоа не одговара на сликата за МКЦ.

Директорот на МКЦ Русе Арсов најави повеќе настани кои се атрактивни за публиката (Фото: МИА)

Денешната програма во киното Милениум почнува во 17.30 часот со репризата на „Среќниот принц“ во режија на Руперт Еверет, а во 20 часот игра „Остров на кучиња“, за кој Вес Андерсон доби Сребрена мечка за режија во Берлин. Во 22.30 часот ќе се прикаже „Белата врана“ на Реиф Фајнс.

Во киното Фросина, од 17 часот е најавен „Хотел Југославија“ на Николас Вагнерс, во 19 часот е „Адрда“ на Му Тунк, а во 21 часот краткиот македонски филм „Магнолија“ на Ана Опачиќ.

Во 23 часот, во МКЦ е концертот на ТАУ, психоделичниот рок бенд од Берлин.