КОНЦЕРТ НА ФИЛХАРМОНИЈАТА СО МУЗИКА ОД НАУЧНО-ФАНТАСТИЧНИТЕ ФИЛМОВИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

„Научна фантастика на платно“ е насловен вечерашниот концерт на Македонската филхармонија од 20 часот, под диригентство на Тимоти Редмонд од Велика Британија.

Оркестарот ќе изведе теми од едни од најдобрите научно-фантастични филмови на сите времиња: „Војна на ѕвездите“, „Ѕвездени патеки“,„Одисеја 2001“, „Алиен“, „Аполо 13“, „Почеток“, „Интерстелар“.

„Научно-фантастичните филмови како генерална тематика ги користат фиктивните описи втемелени на науката за феномени кои не се целосно прифатени, пак, во класичната наука. Патувањата низ вселената, генетски мутираните суштества, ‘Марсовците‘, патувањата низ времето или алегоричното прикажување на политичко-социјални теми се само дел од содржините на СФ филмовите. Неисцрпна инспирација на композиторите, пак, се токму научнофантастичните филмови, затоа што тогаш имаат, едногласни се сите, ретка можност да создадат специфична, уникатна партитура. Волшепствата, вселената, натприродните сили, чудовиштата, предметите од иднината, се доволен мотив музиката да биде креирана на едно поинакво ниво, надвор од клишеат“, вели Филхармонијата.