ЕЛКАТА НА РОКФЕЛЕР СВЕТНА СО „СВАРОВСКИ“ ЅВЕЗДА ТЕШКА 400 КИЛОГРАМИ

Њујорк, (АП)

Масивна норвешка смрека беше осветлена со сијалици во разни бои и ѕвезда „сваровски“ на врвот, на традиционалната свеченост пред Божик во Њујорк.

Елката ќе остане до 7 јануари (Фото: АП)

Градоначалникот Бил де Бјасио го сврте прекинувачот за да ги запали сијаличките на елката во Рокфелер центарот, додека се прикажуваа снимени настапи на Дајана Рос и Тони Бенет.

Дрвото високо 72 метри е декорирано со сијалици во должина од 8 километри и ѕвезда со кристали тешка 408 килограми. Рокфелер ја организира традиционалната церемонија од 1931 година.

Смреката стара 75 години е донација од двојка од Волкил, околу 100 километри северно од Њујорк. Ќе остане до 7 јануари, а потоа ќе биде донирана на „Хабитат фор хјуманиту“ за да изградат куќи.