Мемоарите на поранешната прва дама на САД, Мишел Обама станаа бестселер за годинава во САД, само 15 денови по објавувањето.
Книгата „Becoming“ се продаде во повеќе од 2 милиони примероци во САД и во Канада. Податоците ги објави издавачката куќа „Пингвин“.
Издавачот вели дека книгата е бестселер и во Австралија, Велика Британија, Франција, Германија, Јужна Кореја и Јужна Африка.
Книгата е прозорец во приватниот живот на Барак и Мишел Обама, за време на двата мандати во Белата куќа. Исто така, Мишел пишува и за проблемите во бракот, откривајќи детали за спонтаниот абортус и како ги добиле нините ќерки Малија и Саша со вештачко оплодување.