„Бесконечност“ е насловот на изложбата на уметникот Петре Николоски, што се отвора вечерва во 19 часот во Националната галерија на Македонија-Чифте амам.
Според вишиот кустос Ана Франговска, изложбата на Николоски, кој живее во Англија, се состои од повеќе мултимедијални дела и инсталации, кои во најголем дел се изработени исклучиво во контекстот на Чифте амам.
Клучни дела се обелискот од книги, кој како машки, фалусоиден принцип е поставен во женскиот дел на амамот и комплексната инсталација од дрвен материјал, волница и коноп во облик на матка, како симбол на женскиот принцип позициониран во машкиот дел на амамот.
Во останатиот дел од амамот ќе бидат поставени видеоинсталации, колажи и други просторни инсталации.
Николоски веќе работел на слично конципирани дела во Италија, Јапонија, Канада, Германија, Португалија, Босна и Херцеговина и во Велика Британија.